Нов министер за здравство следната недела

by fokus

Се уште не е одлучено кој ќе биде министер за здравство, но премиерот, Зоран Заев, очекува решението да биде донесено до крајот на месецов. Како што изјави денеска премиерот интензивно се преговара со коалициските партнери кој ќе го заземе министерското место на Таравари.

Заев потврди дека на оваа тема вчера разговарал со Зијадин Села  и со Али Ахмети.

– Се работи за многу сериозен ресор. Реков дека до крајот на месецот ќе гледаме да ги донесеме одлуките. Десет дена откако се официјално прогласени изборите за завршени, интензивно преговараме. Секој момент го користам, час поскоро или ден поскоро да го избереме и ова министерско место  и да го пополниме испразнетото  министерско место за странски инвестиции, како и заменик министерот кој стана градоначалник на Чаир – рече Заев.

Поврзани новости