Нов концепт за основно образование, ќе се враќаат домаќинство и ОТП

by fokus 16:20
16:20

Се прави нов концепт за основното образование во кој сите елементи што се потребни како знаење ќе бидат воведени со тоа што се намалува бројот на предмети, а нема да има додавање на предмети, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во Штип.

– Практични вештини како готвење, ОТП кое што беше укинато, поезија, драма, сето она што во најголем дел се нуди како платени курсеви, сега ќе биде воведено во основното образование. Тоа е она кое што во нашата држава се работи. Таа концепција очекуваме да се пушти за дебата за не подолго од еден месец, а наставните програми да се работат онлајн, за да може да стартуваме сукцесивно од прво и шесто одделение 2021-2022 година, истакна Царовска.

- Advertisements -

Прашана дали ќе има надоместоци за оние наставници кои наставата ја држат од дома, Царовска децидна дека на наставниците им биле дадени две можности – наставата да ја реализираат во училишните кабинети или од дома.

-Ова е решението кое што е дадено. Секој колектив да донесе одлука на ниво на училиште дали ќе останат во училиште каде што се обезбедени сите работни услови и може да доаѓаат секој ден на работа, вели Царовска.

Како пример го посочи средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“-Штип, кое денеска го посети каде најголем дел од наставниците одбрале наставата да ја држат од дома, а само шест наставници одлучиле да ја држат наставата од училиштата. Практичната настава се одвива со физичко присуство.

Поврзани новости