Нов голем пораз на Македонија од Словенија на СП во ракомет

by fokus

Македонските ракометари го доживеаа и третиот пораз на Светското ракометно првенство во Египет.

Селекцијата на Данило Брестовац беше поразена од Словенија со резултат 31-21 за повторно разочарување на македонската спортска јавност.

На полувремето резулатот беше 9-13 за Словенија која и во вториот дел не дозволи изненадување и делуваше пресилно за нашите ракометари.

Во петок репрезентацијата на Македонија игра против Русија исто така во 17.30 часот.

Поврзани новости