Нов англиски албум на Тоше, „Secret Place“ подарок за сите фанови

by fokus 13:10
13:10

И десет години по заминувањето на најголемата македонска ѕвезда, Тоше Проески, слушателите ќе имаат можност да слушаат нови песни. Фондацијата Тоше Проески најави нов албум со англиски песни од Тоше, кој веќе се работи во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт во Лондон. Од Фан клуб форумот во изјава за Фокус информираат дека албумот ќе биде насловен „Secret Place“, а ќе се одржи и голем концерт.

-Десетгодишнината од заминувањето на најголемата македонска музичка ѕвезда фондацијата ќе ја обележи со албумот „Secret Place“, со досега необјавени песни, за чија продукцијата ќе биде задолжен Енди Рајт. Ќе се организира и голем концерт наречен „ Деценија без Тоше“ на кој ќе се промовираат песните од новиот постхумен албум што ќе го поддржи Министерството за култура, велат од Фан клубот форумот на Тоше.

Претходно хрватските медиуми објавија дека на новиот албум ќе се најдат новите песни „Light The Flame“, „Where Do I Belong“, две инструментални верзии на познати хитови од Тоше во анплагд и електрична верзија.

Катерина Смилева

Поврзани новости