Нов агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk креиран со поддршка од УСАИД Македонија

by Fokus

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа презентација на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk и алатките кои ги нуди.Порталот е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Истиот беше претставен како првиот веб портал во земјата каде претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на претпријатијата брз пристап до информации кои се од особена важност за нивната усогласеност со бизнис регулативата.

Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалез во своето воведно обраќање истакна:“Biznisregulativa е портал кој ќе им помогне на бизнисите да го усогласат своето работење и подобро да ја разберат сложената регулаторна рамка која досега честопати се покажала како причина за конфузии и отежнато носење на одлуки кои чинат време и пари. Среќни сме поради помошта што ќе им ја понудиме на компаниите преку овој агрегатен портал и можноста за неговиот иден развој со цел да и служи на бизнис заедницата во Македонија.

Директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, Љубомир Димовски во своето воведно обраќање истакна: „Разбирањето на реалните проблеми кои ги имаат компаниите во процесот на усогласувањето на нивното работење со поставената законска рамка, претставува комплексен проблем и голем предизвик за сите чинители во процесот. Нашето досегашно искуство ни вели дека треба уште многу да се работи на ова поле, посебно во делот на идентификување на ставовите на малите компании по однос на определени законски решенија и прописи. Подобрување на врските помеѓу компаниите, коморите и државата претставува континуиран процес и предизвик.Овој портал е развиен од страната на четирите стопански комори и има за цел да ја подобри комуникацијата и протокот на информации помеѓу коморите и компаниите во државата. Ова ќе биде првиот веб портал во земјата каде компаниите ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат, самооценуваат но и воедно споделат своите проблеми.“

Во вториот дел на настанот посебен осврт беше даден на позициските документи кои се темелат врз иденитифкуваните проблеми со коишто се соочуваат претпријатијата во Македонија како и начинот на нивното подготвување  и доставување до надлежните институции од страна на стопанските комори партнери во Проектот,со цел да се влијае на промените на регулативата за прашања кои директно влијаат врз бизнис условите во државата.

Проектот на УСАИДПартнерство за подобра бизнис регулатива е спроведуван од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ.Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија и нивните интереси.

 

Поврзани новости