526
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 734 тестови, а регистрирани се 81 нов случај со КОВИД-19 и 77 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.169.626 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.961, бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534 а на активни случаи изнесува 495.