Нонковиќ: Спиеш ли мирно, Никола Груевски?

by fokus

Во колумна објавена на сајтот „Дудинка“, поранешниот дописник на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, го прозива екс премиерот, Никола Груевски, по повод изјавите од Владата дека нема да има амнестија за обвинетите во врска со настаните од 27-ми април. Џафери рече дека нема место за амнестија затоа што, како што кажа, милион граѓани за најситна повреда на правилата и на законите се соочуваат со процес на правда и правдина низ системот онака како што е предвидено.

„Спиеш ли мирно Никола Груевски што ти (а слушнавме од т.н. “бомби” и како) организираше и изгласа амнестија за воените злосторства во 2001 г. на ѕверовите од УЧК/ДУИ за горењето живи и касапењето на македонските војници и полицајци кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила (https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Масакр_кај_Вејце), за врзувањето за столб и разнесувањето со динамит на двајцата чувари во х. “Бриони” во Челопек (http://zase.mk/vrzani-na-stolb-i-razneseni-ubijtsite-se-us…/), за резбарењето со ножеви на грбовите на т.н. “мавровски работници” (https://vecer.mk/…/za-sluchajot-mavrovski-rabotnici-17-obvi…), случајот “Липковска брана” (цело Куманово беше без вода еден месец) и другите злосторства од 2001 г. на овие што сега не сакаат ниту да помислат да се даде амнестија на Македонците што се обидоа да спречат киднапирање на државата Македонија, кое еве трае до денес!

Поради “визионерството” на Груевски во 2011 година и изгласувањето на амнестија на крволоци што на мртво се изживуваа врз македонски бранители и цивили, сега тие ѕверови ќе уживаат во државни привилегии, а македонски (Уставо)-бранители ќе гнијат во зандани (поради обвиненија за убиство и тероризам), најверојатно и по 10-15 години!

Веќе не е ни важно дали удбашо-балистите од власта ќе те стават во затвор и тебе за товарените обвиненија од СЈО кое ти го изгласа во Собрание, туку само заради овој случај, се прашувам дали заспиваш и воопшто спиеш мирно, Никола Груевски?“, пишува Нонковиќ кој во своите дописи од Брисел често ја поддржуваше претходната власт.

Порталот „Дудника“ е привремено затворен.

Поврзани новости