Ноќни стражи, пикник и референдум за спас на паркот во Тафталиџе

by fokus 20:51
20:51

Жителите од улица Букурешка во скопско Тафталиџе денеска порачаа дека се спремни и со жив штит да го бранат зеленилото. Сепак тие се надеваат дека општината ќе им даде шанса за дијалог, па најавуваат дека од утре ќе бараат од Советот да овозможи месен референдум со цел да се докаже дека граѓаните тука не сакаат уште една зграда.

Тие денеска организираа и целодневна дружба со пикник и музика во паркчето, покажувајќи дека ова парче зеленило им е неопходно.

Освен пикникот, граѓаните имаат организирано и ноќни стражи за одбрана на паркот од изградбата на петкатницата.Велат дека организирани се 24/7  и имаат мрежа за известување ако некој повторно проба да го руши паркот.

Жителите минатата недела по петти пат застанаа во одбрана на паркот и ги избркаа багерите и работницит кои беа дојдени да ги постават темелите на новата станбена зграда.

Поврзани новости