Ноќеска почнува летното сметање на времето

by fokus

Ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето. Ноќта на 31 март стрлките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно 2 часот ќе се смета за 3.

Ова би можело да биде последно поместување на стрелките на часовникот, бидејќи пред неколку дена Европскиот парламент го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето, но конечната одлука треба да ја донесе Европската комисија која ќе ги преиспита предностите и недостатоците од евентуалната промена.

Според научните истражувања, 20 проценти од населението има здравствени проблеми поради промената на часот, смета Павел Свобода, чешки пратеник во Европскиот парламент кој ја предводи групата од 70  европарламентарци кои стојат зад иницијативата и предлогот за укинување на поместувањето на часовникот двапати годишно.

Европратениците во предлогот за кој гласаше ЕП истакнаа дека покрај негативното влијание врз човечкиот организам, промената на стрелките на часовникот влијае и врз сообраќајната безбедност, продуктивноста на работното место, но и врз економијата.

Поврзани новости