Нивото на Вардар за пет пати пониско од просекот во октомври

by fokus

Нивоата на реките Вардар кај Јегуновце и кај Скопје – Зајчев рид, како и на Црн Дрим кај Ложани се пет пати пониски во однос на просекот за октомври, покажува денешното хидролошко мерење.

Како што соопшти УХМР, двојно пониски се водостоите на Вардар кај Велес, Црна Река кај Новаци, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун.

Само два санитметра над просекот е Вардар кај Демир Капија.

Нивото на Дојранското Езеро е повторно драстично повисоко, Охридското е шест пати пониско, а Преспанското е скоро во рамки на просекот.

Поврзани новости