Ниту еден мигрант вчера не влегол во Македонија

by Фокус

Во последното деноноќие, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека од првиот ден на 2016 година, до вчера, кога граничните премини се затворија за бегалците, вкупно 89.623 мигранти влегле во Македонија, од кои најбројни се Сиријците.

Поврзани новости