Ништо од лидерското кафе на Ахмети и Села

by fokus

Најавената лидерска средба меѓу претседателите на ДУИ и Алијансата за Албанците не се одржа. Не се појавија ниту Али Ахмети, ниту Зијадин Села, а на средбата испратија нивни соработници.

На состанокот наместо лидерот на ДУИ се појави потпретседателската тројка на ДУИ, Меџети, Арифи и Бејта која преговара со тимот на СДСМ. Од страната на Алијансата за Албанците пак, дојдоа Арбен Таравари, Агрон Ферати , Арта Точи и Флакрон Беџети.

Инаку, на средбата ДУИ им го презентира на Алијансата за Албанците, предлогот за коалиција од СДСМ, но се уште не откриваат што содржи документот.

Од БЕСА рекоа дека досега немаат добиено покана за средба ниту од ДУИ ниту од СДСМ. На СДСМ веќе им ги понудија потписите, а со лидерот на ДУИ пак, се уште одбиваат да седнат на иста маса.

Инаку, ако документот доставен од Заев до Ахмети е прифатлив за ДУИ, а Алијансата за Албанците и БЕСА се решат да коалицираат со СДСМ , тогаш парламентарното мнозинство би броело 67 пратеници.

Поврзани новости