Нинова го врати мандатот за формирање на влада, Бугарија ќе оди на петти избори за само две години

by Fokus

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова го врати неисполнет третиот мандат за формирање влада, точно една недела откако и беше доверен од бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми.

По пропаѓањето и на третиот обид за формирање влада во Бугарија од страна на социјалистите, веќе е извесно дека земјата ќе оди на нови предвремени избори – петти во последните две години.

Нинова, враќајќи го мандот на Радев рече дека направиле се што е потребно за да го исполнат, а меѓу приоритетите на маса во преговорите со евентуалните коалициски партнери биле влезот на земјата во Шенген, буџетот за 2023 година и реформи во правосудството.

Поврзани новости