Нинова „го напушти“ Петков

by fokus

Протерувањето на 70 руски дипломати ја натера Бугарската социјалистичка партија (БСП) да ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените. Така, само Демократска Бугарија и неколку независни пратеници останаа да ја поддржат партијата на Кирил Петков и Асен Василев.

-Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото, изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова.

Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност и најавија продлжување на преговорите ако партијата предложи нов кандидат за премиер.

Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.

Поврзани новости