Нинџа за ТВ24: Ме претресуваа Алфи и ме прашаа дали имам нешто недозволено

by fokus

По два часа распит во полициската станица Автокоманда, Александар Василевски – Нинџа беше пуштен, објави ТВ24.

Во изјава за ТВ 24 вели дека бил случајно сопрен на улица додека се возел со својот пријател, Блаже Петровски, вработен во Шестата управа и вели дека го претресувале „Алфи“ и му барале лична карта, го проверувале дали има нешто недозволено.

Потоа бил качен во посебно полициско возило, однесен во полициска станица, а што се случило со Петровски не знае. Тој не знае ни дека Петровски имал пиштол.

Инаку Петровски е вработен во Шеста управа и неодамна беше на распит во полициска станица за случувањата во Собранието на крвавиот четврток. Тој беше суспендиран и му беше одземено службеното оружје, па најдениот пиштол најверојатно е приватен, незаконски набавен.

Поврзани новости