Нинџа: Грујевски, Бошковски и Атанасовски ги уништуваа доказите на 27 април

by fokus

Александар Василевски-Нинџа во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 неколку часа во Кривичниот суд го анализираше обвинението против него, како и листата на телефонски повици од тој ден, читајќи ги со број или со име како што му биле меморирани.

– Стојам исправен пред вас и прифаќам одговорност ако утврдите дека ја имам. Овде сум за да се утврди вистината. Бегав поради здравјето на мојата ќерка, која ја чекав повеќе од девет години. Потоа сам се пријавив во полиција, рече Василевски во завршниот збор пред Судот.

Тој зборуваше за тоа како поранешниот началаник во УБК Горан Грујевски, неговиот заменик Никола Бошковски, и тогашниот директор Владимир Атанасовски со свои оперативци, во и надвор од Собранието на 27 април ги собирале и уништувале доказите.

Претходно обвинетиот Никола Митрески-Кољо во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, рече дека жали за случувањата и им се извини на сите присутни пратеници, граѓани и новинари од 27 април.
– Јавноста да знае дека ние бевме изманипулирани од идејата за така наречената “Тиранска платформа” предводена од организаторите политичари, истакна Кољо.
За влезот во Собранието, Кољо рече дека стои зад секоја негова грешка и призна дека тој ја скршил стаклената врата, а не обвинетиот Леви.

Поврзани новости