Нимиц на средба со Коѕиас

by Фокус 09:37
09:37

Посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, на средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас разговарал за спорот за името и мерките за доверба меѓу двете соседни држави.

Како што информираат од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас го информирал Нимиц за позициите и размислувањата на грчката влада за преговорите за спорот за името, кои се веќе познати – географска одредница за севкупна употреба.

- Advertising -

Двајцата имаа средба во Луксембург, каде што грчкиот министер за надворешни работи учествува на Советот за надворешна политика на Европската Унија.

Поврзани новости