Нимиц: И кај двете земји има волја за решавање на спорот со името

by fokus 18:25
18:25

Односите меѓу Грција и Македонија во последните неколку месеци значително се подобрија и кај двете страни има волја за изнаоѓање решение за спорот со името, порача Метју Нимиц, во интервју за агенцијата ИБНА по средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас во Њујорк.

„Се надевам дека можеме да ги забрзаме разговорите подоцна годинава. Двете земји дадоа збор дека се заинтересирани тоа да се направи. Односите се подобрија во последните месеци и очекувам поголема активност“, изјави Нимиц.

Според него, во изминатиов период и двете страни одлучиле да споделуваат позитивна атмосфера и соработка, а иницијативата на грчкиот министер за надворешни работи за мерки за градење доверба, како што вели Нимиц, е важен чекор во тој правец.

- Advertising -

Поврзани новости