Нимиц: Чест ми беше да посредувам помеѓу двете земји, честитам на успешното завршување на преговорите

by fokus 19:57
19:57

Посредникот на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатеното решение што го постигнаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– Би сакал да им честитам за успешното завршување на преговорите за разликите кои постоеја мегу нив. Не се сомневам дека договорот ке доведе до зајакнување на односите мегу двете соседни земји, а особено мегу нивните грагани. Во тој контекст охрабрен сум од решеноста на двете влади да придонесат за добробит на нивните грагани преку воспоставување стратегиско партерство како база за интензивна соработка во сите области, вели Нимиц во пишаната изјава.

- Advertisements -

Додава дека му било чест да посредува мегу двете земји и изразува благорарност и до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и до неговиот претходник на местото посредник во разговорите за името Сајрус Венс.

– Пред се сакам да им заблагодарам и да им !честитам на двајцата министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас кои демонстрираа лидерство, визија и решеност во преговорачкиот процес и не се откажаа од напорите да се најде заеднички корисно решение за нивните нации и за целиот регион, истакнува Нимиц.

Поврзани новости