Николовски: Зошто се криел скандалот во Агенцијата за храна?

by Фокус 12:26
12:26

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изјави дека случајот со неспроведувањето мониторинг врз безбедноста на храната од мај до септември минатата година, кој, како што наведе, вчера го потврдија заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, мора да се расчисти, а надлежните треба да понесат одговорност.

Според него, Законот за безбедност на храна е дециден. Членот 86 дефинира дека „активностите поврзани со официјалните контроли се извршуваат со користење соодветни контролни методи и техники како што се мониторинг, надзор, верификација, инспекција, земање примероци и вршење анализи“.

- Advertisements -

„Во  овие 5 месеци никој во државата не знаел каква храна јадат граѓаните. Дали домати со пестициди, спанаќ со тешки метали, млеко од бруцелозен добиток  или имало можно присуство на ГМО храна. Катастрофална негрижа за бебзедноста на храната и здравјето на граѓаните.

Никој не бил поштеден. Не се испитувала ниту храна за доенчиња, храна за медицински цели, нитулесно расипливите продукти бидејќи токму мониторинг програмите предвидуваат испитувања на овие производи во летните месеци“, обвини Николовски од СДСМ.

– Скандалот е уште поголем зашто половина година се криел од јавноста. Притоа никој не бил поштеден. Не се испитувала ниту храната за доенчиња, храната за медицински цели, како и лесно расипливите продукти бидејќи токму мониторинг-програмите предвидуваат испитувања на овие производи во летните месеци, рече Николовски.

Контролата на храната, додаде, е само дел од мониторинг-програмите, но без земање примероци и вршење анализи, како што рече, не може да се знае состојбата со безбедноста на храната.

– За да може сточарот да знае дали има бруцелоза во стадото мора да се земе крв од добитокот и да се даде на анализа во лабораториите. Не постои друг начин на контрола, рече дополнителниот заменик-министер Николовски.

Поврзани новости