Николовски: Судот потврди дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, е делумно задоволен од пресудата на Основниот суд Скопје 2, кој одлучи да го прифати тужбеното барање на Вице Заев, само во еден дел од тужбата за навреда и клевера.

Според Николовски, судот бил коректен, но не и тужителот, кој, рече, само еднаш се појавил на рочиште. На денешното изрекување на пресудата не се појави ниту Вице Заев, ниту неговиот адвокат.

Во однос на пресудата, Николвски рече дека сепак ќе ја обжали пред Апелација.

-Очигледно е дека судот, односно судијата бил под сериозен притисок и се обидувал она што е очигледно и јасно да го направи на начин што Вице Заев нема целосно да го изгуби образот. Ќе се жалам на Алепација тужбеното барање целосно да биде одбиено, а не делумно – рече Николовски.

Тужбата се однесуваше на изјава на Николовски дадена за 1ТВ каде вели дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата и дека ги добива сите главни тендери. Како што рече Николовски, тужбата е одбиена во делот дека Вице Заев е главен бизнис фактор и во делот за материјалното барање, односно барањето на Вице Заев за надомест од 500 евра за нарушен углед.

-Во делот на наместени тендери јасно кажав дека се однесува на работата на Владата, но очигледно поради притисокот врз судството, судот се обидел да го избалансира тужбеното барање за Вице Заев да го задржи образот. Сепак судот потврди дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата – рече Николовски коментирајќи ја пресудата.

Поврзани новости