Николовски: Со измените во Законот за вино се воведуваат нови производи – органско или ароматизирано вино

by fokus 13:25
13:25

Со измените во Законот за вино се воведуваат нови видови на производи како органско или ароматизирано вино и многу други продукти согласно на регулативата на ЕУ.  Ова го соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по средбата со лозари и преработувачи на грозје во Кавадарци.

-Од особен интерес за малите капацитети, за зголемувањето на производството на вино, особено кај оние бутик или семејни винарии, во измените веќе стои дека малите винарии нема да има потреба да вработуваат енолог, туку може и со ангажирање со соодветен договор. Тоа е едно од барањата кои ги прифативме. Кај производителите физички лица, не мора да бидат со соодветно високо образование, како што се бараше досега, туку може да имаат средно земјоделско училиште. Со низа измени ги поттикнуваме производството на физичките лица кои можат да се регистрираат и да продаваат и малите винарии. Ќе се зголеми целокупното производство, извозот, ангажираноста. Нашата земја располага со одлични потенцијали и затоа се решивме на храбри измени. Ги претставивме измените кои се заокружени и се во процедура. Тие се во интерес на лозарите, нагласи министерот.

- Advertisements -

Тој рече дека овие измени се усогласени со сите засегнати страни. Ова е Влада, додаде, која досега по секој еден основ креираше мерки и политики кои се насочуваат на враќање на парите назад кон граѓаните, кон лозарите.

-Како никогаш досега, навремено ги исплативме парите, согласно на програмата за директни плаќања. Неселективно, во еден ден. Како и минатата, така и оваа година околу 15.208 лозари беа исплатени целосно по однос на основните субвенции. Се обработуваат дополнителните поддршки во делот на мерките кои ги преземавме, во 2017 и 2018 година и целосната исплата е редовна и целосна. Минатата недела беа исплатени и производителите кои имаа проблем наследен од претходната Влада. Се работеше за неисплатеното грозје од регистрирани винарии, откупувачи регистрирани во Министерството за земјоделството, од претходни години. Најдовме модел и исплатени им се тие пари на лозарите за 2014, 2015 и 2016 година.  Не се расчистени долговите кон лозарите, кога се работи за откупувачи кои не биле дел од регистарот на Министерството. Но, изнаоѓаме начин како и тие лозари да си ги добијат парите, изјави Николовски.

Поврзани новости