Николовски призна дека негов роднина е вработен во М-НАВ: Се работи за лице школувано во Јапонија и Кина

by fokus

Министерот за земјоделство и шумарство Љупчо Николовски денеска ја потврди информацијата дека негов роднина е вработен во државната агенција за македонска навигација М-НАВ.

Тој побара институциите да истражат како се водел процесот на вработување на лицето во М-НАВ.

– Да, лицето е во роднинска врска со мене. Барам да се утврдат сите процедури и постапки кои биле направени. Тоа институциите нека го проверат. Едно е јасно, станува збор за висок стручен професионален кадар школуван во Јапонија, во Кина, дипломиран, токму на проблематиката каква што се бара, на високорангиран универзитет во Словенија, со сите професионални капацитети за какви Македонија треба да се бори, изјави денеска Николовски

Инаку, во ова државно претпријатие се исплатуваат плати седум-осум пати повисоки од просечната.

Поврзани новости