Николовски побара земјоделците да ги добијат субвенциите

by Фокус

Земјоделците се уште не ги добиле субвенциите, иако рокот за почеток на исплатата за оваа година е октомври, изјави денеска на прес-конференција дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски.

– Во програмата за директни плаќања потпишана од Никола Груевски, јасно стои дека краен рок за почеток на исплата на субвенциите е октомври, а овој месец треба да почне исплатата на субвенициите за лозарите и овоштарите. Субвенциите се државна, а не партиска мерка и тие мора да дојдат до земјоделците тогаш кога ним им се најпотребни – рече Николовски.

Поврзани новости