Николовски: Ова се неповторливи години за нашата државност и македонски народ

by Fokus

Центарот за комуникации со јавноста имаше соопштение, ниту ќе додадам, ниту ќе одземам нешто од соопштението. Оваа генерација има одговорност да ја внесе државата во структурите за коишто се бориме со децении, тоа се НАТО и ЕУ, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во одговорот на прашањето дали ќе се свика Централен одбор по најавата на Бранко Црвенковски дека ќе го замрзне своето членство во партијата.

-Оваа генерација и заедно сите Влади и сите структури успеаа после децении со целокупна одговорност да носат храбри одлуки да станеме членка на НАТО. Имаме сериозна одговорност да ги придвижиме работите и да направиме се што е во наша можност да се оствари првата меѓувладина конференција, да започнат долгоочекуваните преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, со потврда на македонски идентитет, во рамки на сите меѓународни институции. Така што државата се движи во тој правец, вели Николовски.

Посочи дека ова се неповторливи години за нашата државност и за македонскиот народ.

-Мислам дека ја користиме секоја прилика со храбрите одлуки коишто ги донесе оваа земја да се остварат стратешките цели на државата. И се гордеам што сум дел од таа генерација на политичари коишто направија се да се остварат стратешките цели на оваа држава, а тоа се членството во НАТО и членството во ЕУ, рече Николовски.

Поврзани новости