Николовски: Очигледно не се работело добро на Архивот, треба да се преиспита одговорноста кај изведувачот

by fokus

Очигледно не се работело добро, и треба да се преиспита одговорноста кај изведувачот, изјави потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски околу состојбите во Архивот во вечерашното гостување во Ноќно студио на телевизија Телма.

Околу политичката одговорност, кажа дека не може да се има околу изведувачот, таа одговорност се однесува на тоа дали некој нешто изградил или не.

„ДПМНЕ сакаше да испрати една симболична порака со партиската турнеја почнувајќи од Брисел како седиште на ЕУ и НАТО, потоа, нашиот стратешки партнер САД, како и регионалните сестрински партии во Словенија, Хрватска, Србија“.

„Ние не отидовме да се жалиме, или да изразуваме критики, туку и да понудиме нашите гледишта и решенија“, додаде Николоски. „Но, моравме и да изразиме загриженост за политичкиот прогон, како и за слабоста на економијата“.

Поврзани новости