Николовски очекува во кабинетот да дојдат луѓе кои ќе остават работа во странство за да се „борат“ со корупцијата

by fokus

Државата нема веќе можност и време да чека. На оваа генерација треба да и покажеме решителност и одлучност дека сме спремни во овие четири години да ги промениме работите дома, од начинот на размислување, од менталитетот, дека не треба сѐ преку врски и протекции да биде, туку граѓаните да ги научиме, но и да им овозможиме порегуларен пат низ институциите, без главоболки да си ги остварат свите права.

Ова денеска на брифинг со новинарите го најави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Според него огромен е просторот кој треба да се работи, особено во делот на корупција и криминалот, а тоа сето, како што рече, не влече назад и тоа е причина за иселувањето на младите и причина за недоверба во системот, која што треба да ја враќаме.

За успешна реализација и спроведување на најавените активности рече дека очекува во неговиот кабинет да дојдат луѓе кои имаат доверба во државата, кои ќе остават работа во странство од три-четири илјади евра за да помогнат во спречувањето на корупцијата, а со тоа и спречување на иселувањето од нашата земја. Николовски на брифингот посочи и дел од алатките со кои ќе ја започне неговата работа.

-Извештаите на Државниот завод за ревизија ќе бидат дел од патоказите за она што треба да се корегира, во кадровски и раководен аспект но пред се да се почитуваат препораките за отстранување на забелешките, истакна меѓу другото Николовски.

Најави и целосен преглед на сите Јавните претпријатија и Акционерски друштва во државна сопственост кои се финансираат од Буџетот.

 

Поврзани новости