Николовски: Ништо не зборувам на памет, а ако сме патриоти, да не ја одолговлекуваме постапката

by fokus

Пратеникот Илија Николовски, генерал во пензија, на денешната расправа за уставните амандмани, порача дека пратениците немаат време за губење и очекува дека во најскоро време ќе се заврши целиот процес околу уставните измени.

„Со четиритие уставни амандмани, се импрелемнитра спогодбата со Грција. Оваа обврска според став 4. точка д, ние треба да ја извршиме до крајот на декември годинава. Ако сме одговорни пратеници и патриоти, и ако сакаме државата да ја внесеме во НАТО И ЕУ, не треба да ја одолговлекуваме постапката за измена на Уставот. Да го утврдиме нацртот на амандманите за да може да се оди на јавна расправа. Не гледам проблем со кој ќе губиме време за дискусија. Ништо не зборувам на памет. Ве повикувам, што е можно во пократко време да го усвоиме нацртот на амандманите за да може постапката да продолжи. Немаме време за натегање. Ајде да побрзаме. Треба да изградиме консензус, да бидеме најмалце 20 пратеници“, истакна Николовски.

Поврзани новости