Николовски: Немам информација дека Мухамед Зекири е вмешан во корупциски скандал

by fokus

Немам информација дека Мухамед Зекири е вмешан во корупциски скандал, вели вицепремиерот за борба со коруцпијата, Љупчо Николовски во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

На прашање на новинарот дали се точни информациите за наводна вмешаност на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во коруптивен скандал кој дел од медиумите го најавуваат како Рекет 3, Николовски вели дека секој може да каже што сака, но дека тој нема слушнато за ваков случај.

Вели дека за било кој случај треба да постапуваат институциите и дека за секого треба да има одговорност. Порачува дека ако Владата утврди некаква одговорност, морална, тие бараат одговорност за функционерите.

Поврзани новости