Николовски најавува зголемување на парламентарното мнозинство

by Фокус

Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте и да работи и во наредниот период, уверува Љупчо Николовски, вицепремиер за антикорупција и генерален секретар на СДСМ.

– Се е нормално со парламентарното мнозинство и со коалиционите партнери. Имаме 14 политички партии внатре во коалицијата во Парламентот и 27 вкупно, меѓутоа сите цврсто стојат зад политичките определби, програмата и сето она што оваа Влада го спроведува – рече Николовски на Телма.

Во однос на претстојниот конгрес на партијата што треба да се одржи во мај, на кој треба да биде избран новиот лидер, Николовски посочи дека има само една кандидатура на Зоран Заев.

– Една кадидатура е. Нема друга што е поднесена до Централната изборна комисија и токму затоа во среда, на 10 март, ќе го затвориме избирачкиот список и ќе ја започнеме постапката за евидентирање на членови на Централен и Надзорен одбор. Ќе понудиме нов квалитет, нови капацитети, луѓе со огромен потенцијал – рече Николовски.

Поврзани новости