Николовски: Мора да ја вратиме правната држава

by fokus

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на телевизија Канал 5 порача дека кога тие ќе дојдат на власт прво ќе треба да ја вратат правната држава.

-Премиер на Белгија, претседател на Фрација не седат со короупмиран премиер на маса. Нека се потсети Заев кога последен пат седел на маса со некој државник. Тоа беше пред да му излезат аферите за корупција, „Рекет“ и слично. Прошетајте низ Македонија, граѓаните ќе ви кажат кој од СДСМ се збогатил, коj направил рекет и така натаму. Немаме точка во државата што не е корумпирана. Граѓаните знаат дека за секој основен проблем мора да дадат некаде кафе, некаде пари. Ние мораме да го вратиме достоинството на граѓаните поради промената на името и да ја вратиме правната држава, за да можеме да ја враќаме економијата, рече Николовски.

Поврзани новости