Николовски: Ме избраа за млад лидер во Европа зашто се борам против корупцијата

by fokus

За мене преставува огромен чест што бриселската „Пријатели на Европа (Friends of Europe)  ме избра за еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа, вели денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски откако беше избран да биде дел од програмата за млади лидери на бриселскиот тинк-тенк.

-За мојот избор од „Пријатели на Европа помеѓу другото напишаа и дека сум посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ.
Овие зборови се силен мотив за мене да продолжам силно да се залагам за борба со корупцијата која ја јаде Македонија како и за членство на Македонија во ЕУ затоа што тоа го заслужува секој еден од вас. Корупцијата е основна причина зашто младите ја напуштаат Македонија и регионот, корупцијата ја јаде економија и ја уништува демократијата, затоа мора силно да се бориме со неа, вели Николовски.

Тој додава дека во изминатите речиси две децении голем дел од највлијателните и најталентирани личности во Европа биле дел од оваа програма и нивната  воспоставена комуникација има силно влијание во Европа.

Поврзани новости