Николовски: Го победивме режимот на Груевски, ќе го поразиме и извршителот Мицкоски

by Фокус

Заедно со граѓаните го победивме режимот на Груевски, ќе го победиме и неговиот извршител Мицкоски, рече денеска од Крива Паланка носителот на листа за пратеници на СДСМ во ИЕ 3 Љупчо Николовски. Според него, на овие избори граѓаните ќе одлучат дали ќе продолжат да растат платите или, како што рече, ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски.

-Одлучуваме дали ќе се заштитиме од Ковид вирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите нас. На 15 јули одлучуваме дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски, дали после НАТО ќе влегземе и во ЕУ или ќе им дозволиме да ја загрозат нашата иднина. Не смееме да ја прокоцкаме шансата, многу вложивме за неа – порача Николовски.

Тој посочи дека на СДСМ му треба чист мандат, за да спроведат одлучни и ефикасни реформи во правосудството.

Поврзани новости