Николовски: Ги поврзуваме институциите, никој нема да смее да затајува и забавува случаи со корупција

by Fokus 12:46
12:46

Започнуваме да го имплементираме проектот за интероперабилност помеѓу антикоруцписките институции кои одговараат пред Владата. Преку овој проект ќе се овозможи безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција по електронски пат. На тој начин ќе имаме брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција, најави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, на денешната прес конференција.

Дополни дека нема да има привилегирани и дека процесите со сомнеж за корупција ќе се решаваат брзо.

- Advertisements -

-Никој нема да смее да затајува, забавува и одолговлекува случаи каде има сомнежи за корупција. Ние никого нема да осудуваме однапред, но имаме задача и обврска сите информации веднаш да ги предадеме кај надлежните институции, за процесите брзо да се завршуваат. Ако има корупција следи казна, ако нема корупција, продолжуваме понатаму. Ова е процес во којшто ни треба единство, ни треба соработка и придонес од секокого. Затоа, уште повеќе ќе ја зајакнеме координацијата меѓу надлежните антикорупциски институции, независните институции како што се ДКСК и судовите, невладиниот и приватниот сектор налдежните министерства, за правда, за внатрешни работи, и другите, и со секој еден во ова општество, којшто сака нашата држава да чекори напред и нашите деца да растат во општество еднакво за сите, ослободено од корупција, истакна Николовски.

Поврзани новости