Николовски до градоначалниците: Очекувам придонес во борбата против корупцијата

by Фокус

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва одржал работен состанок со градоначалниците од редовите на СДСМ, на кој станало збор за усвоениот акциски план за борба против корупција донесен од страна на Владата.

-Ова е дел од политиките и решителноста на СДСМ да се успее во борбата против ова зло кое со децении беше натоложено во општеството“, им порачал Николовски на градоначалниците. Од клучно значење е да има што поголема реализација на капитални проекти како на централно, така и на локално ниво – рекол Николовски.

Патем, како што соопштија од СДСМ, тој се осврнал и на мерит-системот на функционирање на партијата преку кој се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ.

-Како носители на локалната власт и довербата што ви е дадена од граѓаните очекувам активно да се вклучите во оваа заедничка борба, да дадете свој конкретен придонес во спречувањето на коруптивното дејствување на локално ниво, во органите на локалната самоуправа – порачал Николовски.

Поврзани новости