Николова: Ако уставните измени не поминат во парламентот, решение се брзи избори

by Фокус

Пратеничката од владејачката коалиција, Јулијана Николова, ги повика сие пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат уставните амандмани откако тие поминаа на собраниската комисија за уставни прашања.

-Сегa е моментот сите заедно, со заеднички сили да покажеме колку ни е грижа и колку и сакаме најдобро на нашата земја обезбедувајќи и светла иднина и членство во ЕУ и НАТО. Граѓаните го искажаа својот став, мнозинството ја даде својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. Затоа, ние како нивни претставници треба да ја послушаме нивната волја и да ги подржиме уставните амандмани. Се докажа дека со нив не се губи ништо туку напротив, се гарантира идентитетот, неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста – рече Николова.

Таа порача дека доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се залага за амнестија и го блокира интеграцискиот процес, како единствено решение се наметнуваат предврмени парламентарни избори.

Поврзани новости