Николоски: Заеви отвориле две нови фирми во Бугарија, дали Заев се спрема за бегство?

by Фокус

Дали Зоран Заев се спрема за бегство во Бугарија после поразот на парламентарните избори, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој на прес-конференција обелодени дека членови на семејството Заеви формирале две нови компании во Бугарија во мај 2019 година.

-Покрај трите фирми во сопственост на Заеви во Бугарија: „Ориентал Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“ формирани откако Заев е на власт, формирани се уште две нови фирми во последните месеци. Двете нови компании се сопственост на братучедите на Зоран, Трајче Заев и Бобан Заев, а се основани во Петрич. Новите компании „Медикал 420БГ“ и Фарма „ЕУ БГ“ се со потписот на братучедите Трајче и Бобан Заев. Овие фирми се основани после претседателските избори, кога веќе мирисаше на скандалот „Рекет“ – истакна Николовски.

Притоа, тој рече дека двете нови бугарски фирми на Заеви се јавуваат како целосни или делумни сопственици на компании во Македонија.

 

Поврзани новости