Николоски: Заев во Бугарија рекол дека сме еден народ

by fokus

Премиерот Зоран Заев на најмалку два состаноци на високо ниво, од кои еден во Бугарија, кажал дека, според него, Македонците и Бугарите се еден народ и дека говориме на ист или сличен јазик, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-За потоа (Заев) да се коригира во официјалниот дел дека тоа е само негово лично мислење и дека не е позиција на државата. Не може премиер да има лично мислење. Како тоа се кажува така се запишува во белешки и после тоа се крева летвичката – рече Николовски на Сител.

Тој додаде дека неколку западноевропски земји-членки на ЕУ не го поддржуваат ветото на Бугарија кон Македонија, меѓутоа, како што истакна, тие истовремено не се ниту против ветото.

-Десетици други одлуки во ЕУ се носат со консензус, како и финансиската помош која е битна за Бугарија. Ако сите се против ветото на Бугарија, ќе ја блокираат нивната финансиска помош – изјави Николоски.

Поврзани новости