Николоски: Во одреден момент во ВМРО-ДПМНЕ материјалистите станаа побројни од идеалистите, сега тоа го решивме

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од другите партии, пред се има идеја.

-ВМРО-ДПМНЕ има силно развиен систем за препознавање и анализирање на грешки и отстранување на истите. За разлика од другите партии, ние пред се имаме идеја. Во одреден момент во ВМРО-ДПМНЕ материјалистите станаа побројни од идеалистите. За среќа, сега тоа го решивме. Да бидеме искрени, ВМРО-ДПМНЕ правеше грешки и тие грешки имаат име и презиме. Тие мора да си одговараат за грешките. ВМРО-ДПМНЕ си има претседател, тоа е Христијан Мицкоски, моите амбиции се насочени кон друго место, јас не планирам да останам во политиката, рече Николоски.

Поврзани новости