Николоски: Во Македонија имаме политичка проституција и сите сакаат да влезат во Влада!

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од Собранието упати низа критики кон владејачката СДСМ и последните случувања со влезот на Алијанса за Албанците во Владата.

„Во Македонија имаме политичка проституција. Која е поентата да се оди на избори, ако сите сакат да влезат во Влада. На некои овде устата им е полна дека ќе се борат со криминал и корупција. Ние ја имаме најкорумпирана влада а Македонија се бори за 100. место по перцепција по криминал и корупција“, рече Николоски.

Поврзани новости