Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има замрзнат имот и долг од околу 8 милиони евра!

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното гостување на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ откри интересни податоци за својата партија.

„ВМРО-ДПМНЕ има замрзнат имот со кој не може да располага, во моментов сме најзадолжена партија во Македонија а долгот надминува сума од речиси осум милиони евра. Долгот е од банка од каде се земани кредити и најголем дел од долгот е направен пред да дојде ова ново раководство на партијата“, истакна Николоски.

Поврзани новости