Николоски: Владата да им ги врати парите на граѓаните кои се вакцинираа во странство

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара Владата да им ги рефундира трошоците кои ги направија македонските граѓани кои се вакцинираа во странство, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Тие луѓе трошат средства за патување до таму, за престој, гориво итн. Во услови кога плаќаат данок во Македонија и во услови кога плаќаат здравствено осигурување, мора да ги поднесат овие трошоци, така што произлезе една добра идеја, која ќе ја разработиме во следниот период, а тоа е македонската влада да ги рефундира трошоците кои што се направени на македонските граѓани кои мора да одат надвор да се вакцинираат, не по нивна вина, туку по вина на владата на Заев и Филипче, рече Николоски.

Според него македонските граѓани се понижени и мораат да одат да се молат за вакцинација во Србија или Бугарија.

– Осиромашени и понижени македонски граѓани мораат да одат да се вакцинираат во Србија и Бугарија, додека Венко Филипче води евтин личен маркетинг, преку играње на мал фудбал, што ја покажува забеганоста негова и на владата во која што тој е дел. Во услови кога луѓе умираат вие да плаќате ПиАр агенции која ќе ви организира играње на мал фудбал „случајно“ во Битола, покажува на кое ниво е забеганоста. рече Николовски, за време на посетата во Општина Гази Баба.

Поврзани новости