Николоски: Убивале, краделе и шверцувале со идентитети кои овде вистински постојат

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, обвини дека процесот на издавање пасоши на, како што рече, криминалци, убијци и наркобосови бил поткрепен и во соработка со блиски соработници на Зоран Заев од високите структури на власта.

-Овој скандал сигурно ќе се рефлектира на меѓународниот план на Република Македонија, бидејќи ова не доликува на земја која што е претендент за членка на ЕУ, а е актуелна членка на НАТО. Не смее да се прогледа низ прсти на овој случај, бидејќи луѓе убивале, краделе, шверцувале дрога со идентитети кои во Македонија вистински постојат, а сега можат да бидат предмет на апсење поради ист идентитет со убијците – изјави Николовски на ТВ Сонце.

Поврзани новости