Николоски: Потребно е масовно тестирање во Прилеп, резултати се чекаат од пет до седум дена!

by Fokus 12:44
12:44

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешното видео-обраќање истакна дека во Прилеп потребно е итно да се направи масовно тестирање на поширока бројка на луѓе.

„Бројот на тестирани во Прилеп треба да се брои во илјадници, а не како што е сега. Што повеќе тестирани толку подобра слика за здравствените работници да можат да помогнат на сите“, порача Николоски.

- Advertisements -

Како што додаде тој, според информациите од Прилеп, луѓето чекаат од пет до седум дена за резултат.

Поврзани новости