Николоски: Оставка на Заев, формирање на влада на национално единство па избори

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори и формирање на влада на национално единство, бидејќи на власта и се случува апсолутна катастрофа, изјави потпретседателот на опозициската партија Александар Николоски.

-Нашиот план е во три чекори. Првиот чекор е владата да поднесе оставка, вториот чекор е да се формира влада на национално единство или за национален спас која што би ги собрала најголемите умови во Македонија и која што би имала поддршка од сите политички партии со цел да ја извадат државата од здравствената и економска криза. Тоа мислам со една добра работа доколку сега работат може да го направат до месеците април, мај и веднаш после тоа да се оди на предвремени парламентари избори на кои што Македонија ќе добие нова политичка влада – рече Николоски на Сител.

Тој вели дека следната влада ќе ја предводи од ВМРО-ДПМНЕ.

-Апсолутна катастрофа во моментот и се случува на власта, комбинирана во два дела. Од еден дел имаат  голем економски пад затоа што овие средства кои што фалат и за кои што се позајмуваат очигледно е дека не знаат како да ги изменаџираат, а од друга страна мора да ги исполнуваат политички договори односно мора да задоволуваат апетити на коалиционите партнери – нагласи тој.

Николоски посочи дека работат со партии од парламентарното мнозинство за уривање на владата.

Поврзани новости