413
Пред два дена, политички партии и здруженија од „Македонија бојкотира“ преминаа во „Македонија блокира“.
Ден подоцна, потпретсдателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше забележан со Синиша Алексовски, советник за национална безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов. СДСМ побара одговор зошто Николоски се сретнал со Алексовски.
„На теоретичарите на СДСМ очигледно фантазијата им е бујна. Од една случајна средба, направија големи теории на заговор. Беше случајна средба, но очигледно е дека на СДСМ им е важно да дефокусираат дека влегува Охридскиот договор во преамбулата и станува Македонија двонационална држава“, порача Николоски.