Николоски: Можна е соработка со Села и Гаши за локалните избори

by Фокус

Можна е соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локалните избори, па и уште порано – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“. Тој смета дека и покрај разликите за дел од темите кои поминаа во законодавниот дом, соработката е можна, оти имаат заедничка цел со овие партии од албанскиот блок.

-Би било неприродно за се да имаме исти ставови, но она за што претпоставувам дека ќе се сложи и јавноста дека имаме заеднички став е приоритет број еден во државата. И во таа насока ја сум убеден дека во следниот период пред локалните избори ние ќе можеме да зборуваме за рушење на оваа власт и за ново парламентарно мнозинство кое треба да доведе до предвремени парламентарни избори, затоа што оваа што сега во имаме во Собранието е неодржливо. Власта има само еден пратеник повеќе од тоа што е потребно – рече Николовски.

Николоски вели дека сe уште не е прецизирано дали тоа би било предизборна коалиција.

-Тоа се детали кои мислам дека ќе треба во следниот период да ги разговараме со нашите пријатели од Алијанса и од Алтернатива. Сите модалитети се отворени, јас не би исклучил ништо, но, што и да кажам сега ќе биде несериозно, затоа што не сме седнале материјално да разговараме – вели Николоски.

Поврзани новости