Никола Митревски Кољо негира дека им бил логистика на Грујевски и Бошковски

by fokus

Вечерва во редакцијата на Телевизија 24 со реакција се јави, Никола Митревски – Кољо.

Во писмениот допис вели:

„Во мое лично име, сакам да демантирам дека требало на некого да помогнеме и да пречекаме или пак логистика да бидеме за било кој. Точно е дека сме застанати на српска граница заради тоа што  на трето лице му била пред истекување важноста на пасошот.  Исто така сакам да демантирам дека  се наоѓам во Бугарија. Моментално сум дома со семејството. Ве молам да не ги пополнувате вестите со нашите имиња и настаните од Собрание, туку да се земе во предвид  вистината и доказите за случувањата.“

Поврзани новости