Никола Јанкуловски: Наша основна должност е да ја продолжиме макотрпната работа на Свети Кирил и Методиј

by Fokus

Ректорот на УКИМ „Свети Кирил и Методиј“ вели дека по повод патронатот, пораката е да бидеме сплотени и да ја продолжиме нивната макотрпна работа.

„Со голема чест да ги одважиме основоположниците на сесловенската писменост. Светите браќа Кирил и Методиј влијаеле врз нашиот културен развој, а наша основна должност е да ја продолжиме нивната макотрпна работа. Со гордост продолжуваме да го славиме нивното дело секоја година и се обидуваме да ја возобновиме нивната просветителска мисија, за тие да останат запаметени засекогаш“, рече Јанкуловски за МРТВ. 

Тој додава дека слободата на научната мисла на изразување се одликува со начелото на автономија. Вели дека тежнеат кон почитување на интегритетот на личноста, со промовирање на европски вредности и принципи, кои се препознатливи. Кажа дека критична мисла треба да има, но знаат како функционира универзитетот одвнатре. Јанкуловски вели дека универзитетот има загарантирана автономија со закон, но кога станува збор за финансиите има ограничувања.

Поврзани новости