Никола Димитров ќе го потпише договорот од македонска страна

by fokus

Министрите за надворешни работи на двете страни ќе треба да го потпишат договорот меѓу Македонија и Грција за името, стои во целосниот договор кој вечерва го објави Катимерини.

Во членот 7 од Договорот стои дека: Сфаќањата на двете страни за термините „Македонија“ и „македонски“ се однесуваат на различен историски контекст и културно наследство.

Според Договорот, кога Грција ги користи овие термини тие не се однесуваат само на делот на Македонија кој е во нејзината територија, туку и на Хеленистичката цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката па до денес.

Кога пак, македонската страна ги користи овие термини, тие се однесуваат само на нашата денешна територија, јазик, луѓе, со нивна сопствена историја, култура и наследство, кое се разликува од она во претходниот член.

„2. Кога станува збор за Првата Страна (Грција), овие термини ја означуваат не само областа и луѓето од северниот регион на Првата Страна (група?), туку и нивните атрибути, како и грчката цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешен ден.

3.Кога станува збор за Втората Страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, луѓе и нивните атрибути, со своја историја, култура и наследство, што се разликува од оние споменати во член 7 (2).“

Поврзани новости